Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, учестувавше на работилницата „Како до повеќе податоци за подобар воздух”, во организација на Универзитетот “Гоце Делчев”, Штип, во соработка со ФИНКИ, ФЕИТ и МЖСПП. Макрадули одржа презентација на која зборуваше за предизвиците на новите технологии на мониторинг на квалитет на воздух, законската усогласеност и подобрувањето на квалитетот на податоците, како и за зголемувањето на покриеноста и развојот на идните мрежи за мониторинг.
Макрадули, исто така, истакна дека се залага за институцијализирање на едно советодавно тело кое Министерството за животна средина и просторно планирање планира да го формира со експерти од универзитетите во нашата држава, МАНУ и Фондот за иновации.