Еко-свест и Македонското еколошко друштво денеска под мотото „На денеш мени -линдан“ денеска организираат велосипедски марш низ Скопје за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од малата депонија во фабриката Охис со почеток во 17:15 часот. Појдовна локација на велосипедскиот марш е од Паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули во 17:30, во 18 часот се пристигнува пред влезот на старата фабрика Охис, каде од 18 до 19 часот ќе се одржуваат креативни активности.
Настанот се одржува како продолжение на двете работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката Охис што се одржаа во изминатиот месец.