Учениците и студентите од Филипини со закон се обврзани да засадат најмалку 10 дрва пред да го завршат своето образование. Со овој закон се формализира традицијата на садење дрва по дипломирањето, а истовремено се надеваат дека законот ќе придонесе во борбата со климатските промени.
Поборниците за законот велат дека оваа легислатива може да резултира со 525 милијарди засадени дрвја по генерација, ако се спроведува како што треба.
Законот заеднички ќе го спроведуваат Министерството за образование и Комисијата за високо образование на Филипини.
Дрвјата ќе се садат во постоечки шуми, заштитени подрачја, воени подрачја, напуштени рударски места. Видот на дрвјата мора да одговара на локацијата каде што ќе се садат, на климата и топографијата на областа, велат од владата.