„Не можам да кажам дали има национализам, затоа што по убедување јас сум националист, но не од оние шовинистите“, вели еден жител на Свети Николе на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, дали има национализам во Свети Николе.
Друг пак вели: „Нема ни национализам, ни патриотизам! Гратчето е мирно, имаме соживот добар сега. Порано имаше, додека беа на власт ВМРО имаше поделба на ваши и наши. Сега е се во ред“.
„Национализам нема. Тука е малце чиста средина па не се чувствува такво нешто“, вели друг светиниколчанец.
„Нема националистички расположенија тука. Ние сме гостопримливи“, смета друг жител на Свети Николе.
„Нема тука национализам. Добро се живее. Има земјоделие и многу јаки бизнисмени“ вели друг.
Анкетата е дел од проектот „Зелена иднина“, кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Хајрих Бел од Сараево.
текст и монтажа: Маја Ивановска
камера: Ангела Петровска
фотографија: Горан Наумовски