Светиниколчани не се премногу задоволни од тоа како Владата се грижи за екологијата во земјата, но вина гледаат и во самите граѓани.
„Според ветеното, сметам дека се ангажира, но некои особени резултати нема“, вели еден жител на Свети Николе.
Друг смета дека екологијата не е баш на задоволително ниво, но сепак е добро. „Канализацијата треба да се среди. Депонијата исто така. Треба да се среди и механизацијата на Јавното комунално претпријатие“, вели тој, додавајќи дека граѓаните се најголем проблем. „Ние најмногу загадуваме. Еколошката свест кај граѓаните треба да е повисока. Ако граѓаните имаат свест, нема да имаме проблем“, смета тој.
„Не баш доволно, се уште има смет, диви депонии, неисчистени улици…“ вели еден жител на Свети Николе.
„Има многу депонии за кои никој не се грижи. Ако поминете низ Овчеполе, секаде каде што има поточе има и ѓубре, отпад и шут. За тоа не е само Владата виновна. Народот не води сметка, ниту Владата се грижи. Најдобро е да има казнени мерки“, вели друг.
Анкетата е дел од проектот „Зелена иднина“, кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Хајрих Бел од Сараево.
текст и монтажа: Маја Ивановска
камера: Ангела Петровска
фотографија: Горан Наумовски
This post is also available in: Albanian