Во рамките на проектот „New horizons through advanced walking zone“ со адаптација на улицата Македонија во пешачка зона, ќе се обезбеди поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на Охрид.
Проектот се работи на ниво на физибилити студија, а една од идеите за зголемување на атрактивноста на просторот е создавање на унапредена -проширена пешачка зона со која би било исклучено движење на возила по улица Македонија, јавува МЕТА.
Станува збор за проект дел од голема програма која ја спроведуваат ICLD (Интернационалниот центар за Локална демократија) и SKL International (дел од шведската асоцијација на локални управи и региони), кои овозможија во програмата заедно со тимовите од седум градови од Србија, Украина и Турција да биде вклучен и тимот на Општина Охрид.