Единицата за брзи артивистички акции презеде уште една акција овојпат опомена до несовесните возачи и нивната сообраќајна култура. Активитите опоменаа стотина несовесно паркирани возачи во Скопје, ставајќи налепниц со предупредување: „Паркирањето на овој автомобил е нодговорно. Ве молиме следниот пат паркирајте одговорно. За ноќните неодговорни возачи обезбедивме и трепкачко светло!“
„Живееме во состојба на алармантна урбана некултура: сообраќаен хаос, непочитување на сообраќајни прописи, недостаток на услови за непречено и безбедно движење со велосипеди и пешаци , непрописно паркирање…
Причините за ваквата неодговорност на граѓаните кон овие состојби се многубројни, но останува фактот дека тоа што најмногу недостасува е немањето свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност“, смета Единицата за брзи артивистички акции.
Тие одадаваат дека во недостаток на сериозен акциски план за решавање на овие проблеми имаат општествена одговорност да реагираат на овие процеси и дека со оваа акција можат да допринесат кон подобрување на состојбите во урбана култура.
Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.