Во Велес не е толку изразен национализмот, како што е во другите градови во државата, бидејќи Велес е мултиетнички град, вели за ЦИВИЛ Медиа, велешанката Марија Пупулиева.
„Сепак има национализам и тешко дека ќе се искорени со оглед на тоа дека постојано има лажни вести и тоа се промовира“, додава таа.
Во однос на екологијата, таа вели дека во последните неколку месеци, ЈКП Дервен се грижи за чистотата во градот, меѓутоа проблемот е кај несовесните граѓан(к)и.
„Колку и да се интервенира и расчистува, сепак граѓаните немаат култура и повторно фрлаат ѓубре каде ќе им текне. Мислам дека сега најголем проблем е Врницата, бидејќи ја загадува реката Тополка…
На прашањето дали државата доволно се грижи за социјалната правда, таа додава дека сè уште има луѓе кои не ги остваруваат своите права, односно не добиваат социјална помош.
Дехран Муратов
Камера: Ангела Петровска
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Маја Ивановска
This post is also available in: Albanian