ЦИВИЛ – Центар за слобода утре во Велес, на Срмаале, со почеток во 15:30 часот пред граѓанките и граѓаните ќе ги претстави новите проектни активности, дел од проектот „Зелена иднина“ чија цел е да ја подобри јавната перцепција и знаењето за концептот на општество кое ги негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
На инфо – штандот се поканети и сите соработници и поддржувачи на ЦИВИЛ со кои ќе се споделат искуства и можни заеднички акции и иницијативи за промоција на зелените вредности, подоборување на социјалната права и во борбата против национализмот.
Тимот на ЦИВИЛ претходно ќе ги посети Лозово и Свети Никола каде со жителите ќе поразговара за можноста од поврзување на овие три елементи, што се предуслов за општество кое се стреми кон демократски вредности и напредок базиран на грижата за околината и иднината.
Во сите три општини граѓанките и граѓаните ќе имаат можност активно да се вклучат преку испраќање на пораки до локалната и централната власт, да разменат мислења, ставови и информации за темите од областа на социјалната правда, зелените иницијативи и антинационализмот.
Проектот Зелена идина се спроведува со поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево.