Две милијарди тони мраз, односно два кубни километри од ледената покривка се истопија вчера на Гренланд.
Иако Гренланд е најголемиот остров на светот со огромни количини на мраз, сепак многу е невообичаено толкава количина на мраз да се стопи кон средината на јуни. Сезоната на топење на мразот трае од јуни до август, но како што пренесува американската телевизија, најголемиот дел од мразот се топи во јули, а не во јуни.
„Тоа може да се спореди со тоа што го забележавме во јуни 2012. година“, изјави Мот, научник од Универзитетот во Џорџија, експерт за климатски услови на Гренланд, потсетувајќи дека тоа било рекордната година кога целата ледена покривка на Гренланд забележала некој степен на топење, нешто што се случило за прв пат откако се врши ваков вид на мерење.