За време на кампањата за локалните избори 2017-та година, тогашниот кандидат за градоначалник за град Скопје, г-дин Петре Шилегов, често го гледавме во Свиларе, Кондово, Рашче, Копаница, Буковиќ, Сарај.
Сега, воопшто не го гледаме ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на град Скопје, г-динот Шилегов да се појави со своите јавни претпријатија и да ги пополни дупките кои се како во КАНДАХАР.
Не ги гледаме камионите да го соберат ѓубрето, како што го собира во центарот на градот.
Не ги гледаме цистерните со шмркови, да ги измијат улиците од прашината, исто како што ги мие во Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче!
И ние гласаме за градоначалник на град Скопје!
И НИЕ СМЕ СКОПЈЕ!
Хазби Нуредини
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.