Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, пред преминот „Палета“ во Скопје, го промовираше проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.
На инфо – штандот граѓанките и граѓаните имаа можност да се информираат за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот преку едукативен и информативен материјал и да ги споделат своите размислувања на темите.
Она што е важно за овој проект е фактот дека граѓанките и граѓаните имаат право и можност да ги променат состојбите во општеството.
А. П.