„Во Гостивар не постои национализам, барем не во онаа мера за да би го истакнале иако сме мултиетничка општина. Постои соживот и соработка меѓу граѓаните на Гостивар, вклученост на сите етнички заедници во сите проблеми на градот“, истакна граѓанската активистка и долгогодишна поддржувачка на ЦИВИЛ, Слаѓана Ангелкоска, при посетата на инфо-штандот на ЦИВИЛ во Гостивар каде се промовираше проектот „Зелена иднина“.
Со Ангелкоска разговаравме и за зашитата на животната средина, грижата на граѓаните за екологијата и одржувањето на јавниот простор, како и за животниот стандард и социјалната правда на гостиварчани.
„Во споредба со минативе години сега се обрнува повеќе внимание на екологијата и животната средина, се става акцент на зеленилото што ги опкружува граѓаните, парковите, зеленилата… Граѓаните не се задоволни од животниот стандард, но немаат избор… Секој се снаоѓа како што знае. Невработеноста е на ниско ниво, но генерално не се задоволни од тоа како живеат“, смета Англекоска.
Слаѓана, заедно со тимот на ЦИВИЛ го промовираше проектот „Зелена иднина“ меѓу своите сограѓани.
Биљана Јордановска