На денешната прес-конференцијата на ЦИВИЛ за реформи на изборниот систем, се постави и прашањето за ситуацијата во Охридскиот регион, препораките на УНЕСКО и како ќе се решаваат дивоградбите. Новнарското прашање беше во контекст на човкевоите права и слободи и правото за живот во здрава животна средина и неузурпиран јавен простор.
„ЦИВИЛ ја набљудува ситуацијата не само со дивоградбите, туку и воопшто што се случува со Охрдиското езеро. Се разбира дека тоа е дел од нашите трансверзални теми во рамки на цлеата програма и стратегија на организацијата. Можеме да кажеме дека не е воопшто чудно што го слушате евроамбасадорот Жбогар кога вели веќе две недели по препораките на УНЕСКО вие немате ништо преземено… Два часа не требаше да поминат, а веќе требаше да се види чекори на локалните и централните власти за да го заштитат Охридското езеро. Не се работи само за природни убавини и ресурси, се работи и за човекови права и слободи. Се работи за тоа дека секој има право да живее во здрава животна средина. Тоа што го направи урбаната мафија со децении наназад во Охрид, предизвика многу сериозни нарушувања и на природните и на човечките ресурси. И централната и локалната власт се одговорни веднаш да постапат по препораките на УНЕСКО. Меѓутоа она што ние го очекуваме е да видиме уште поголемо подобрување и промени, надвор од препораките. Тука мора да проработат институции, а законот и санкциите како функционираат на дело“, одговори Дерала.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети