Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Глобалното затоплување ќе доведе до намалување на 80 милиони работни места до 2030 година

04/07/2019
in АКТУЕЛНО
Глобалното затоплување ќе доведе до намалување на 80 милиони работни места до 2030 година
Share on FacebookShare on Twitter

Според анализите на Меѓународната организација за работа на Обединетите нации (International Labour Organization – ILO), зголемените температури, предизвикани од климатските промени, би можеле да доведат до намалување на околу 80 милиони работни места до 2030 година, а најтешко би биле погодени сиромашните земји.

Порастот на температурата за 1,5 степени Целзиусови до крајот на овој век би можел да доведе до намалување на бројот на работни часови за 2,2%, што одговара на 80 милиони изгубени работни места со полно работно време. Овие промени би ја чинеле глобалната економија 2.400 милијарди долари. Најмногу луѓето не би можеле да работат поради здравствени ризици предизвикани од високите температури.

“Влијанието на топлотниот стрес на продуктивноста е сериозна последица од климатските промени, што се надоврзува на други неповолни влијанија како што е количината на воден талог, подигнување на нивото на морето и загуба на биодиверзитетот“, вели Кетрин Сагет од ILO.

Топлотниот стрес настанува кога телото апсорбира повеќе топлина од она што може да поднесе. Екстремните жештини може да предизвикаат болести, како што се топлотен удар и исцрпеност, а може да предизвика и смрт.

Од овие климатски промени најмногу ќе бидат погодени земјоделските работници, особено жените, кои чинат повеќе од половина од 940 милиони работници во тој сектор. Во градежниот сектор се загубени околу една петина од работните часови, а најмногу ќе бидат погодени најсиромашните земји од југоисточна Азија и западна Африка.

Од Светската метеоролошката организација предупредуваат дека оваа година би била рекордна по висината на температурата, а периодот од 2015-та до 2019-та година е најтоплиот петгодишен период во историјата.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW