Хрватска ќе започне со изградба на своe складиште за депонирање на нуклеарен отпад во Трговска Гора во Сисачко-Мословачката Жупанија, во близина на границата со БиХ, иако одлуката за тоа дали Хрватска и Словенија ќе го одлагаат отпадот од централата Кршко во заеднички склад ќе биде објавена во септември.
Словенија веќе неколку години планира да изгради заедничко складиште за ниско и средноактивен нуклеарен отпад од централата Кршко во Врбина кај Кршко и се залага за влез на Хрватска во проектот.
Хрватска и Словенија имаат обврска до 2023 година да го згрижат својот дел од отпадот од нуклеарната централа Кршко, која е заедничка.
И покрај тоа што Хрватска има само четири години за подготвка и изградба на складиштeто, се уште не е направена студија за влијанието врз животната средина, и воопшто не е јасно како државата планира да го подготви преземањето на нуклеарен отпад за толку кратко време.
Според порталод „Експрес“, ниту еден консензус не е постигнат со локалното население и со БиХ, кои силно се противат на депонирањето на отпадот во Трговска Гора.
Нуклеарната централа Кршко функционира од 1981 година и ќе работи до 2043 година.