Како што известуваат граѓаните од Лабуништа, Подгорци и Октиси, без совест и одговорност за животната средина и здравјето денеска повторно се копа на каменоломи на Јабланица.
Граѓаните излегле да протестираат, но механизацијата продолжила со работа, а била присутна и полиција. Иако протестот бил мирен, тие стравуваат дека може да дојде до конфликт, со оглед дека никој нема слух за нивните алармирања, ниту локалната власт, ниту пак Владата.
Она што имостанува, како што велат, е обраќање до амбасадите на европските земји.
„Гласавме за промени, а не за труење и на претседателските и на парламентарните избори“, вели е еден жител од тој крај. Тој додава дека нема да дозволат уништување на единственото недопрено место од човечка рака, а тоа е Јабланица, а рудникот е предвиден во зелениот појас на планината.
Б. Ј.