Еко здруженијата Еко Свест и CEE Bankwatch Network вчера поднесоа жалба до Енергетската заедница за неправедното користење на малите хидроелектрани над други енеретски извори.
Македонија е потписник на Договорот за енергетска заедница, со кој се забранува “каква било јавна помош која ја искривува или се заканува да ја наруши конкуренцијата со фаворизирање на одредени претпријатија или одредени енергетски ресурси”.
Малите хидроелектрани во последниве години ја уништуваат југоисточна Европа – вклучувајќи ја и Северна Македонија – поради нивниот брз развој, често во заштитени подрачја, и недостиг на спроведување на законите за животна средина.
Сепак, новите регулативи што ги одобри владата на Северна Македонија во февруари оваа година дозволуваат неограничен број на хидроелектрани под десет мегавати да продолжат да добиваат оперативни субвенции во вид на повластени тарифи.
Истовремено, сончевите фотоволтаици не можат да добијат никакви повластени тарифи, без оглед на големината. Сите квоти за ветерници веќе се резервирани, а само неколку мегавати биомаса и биогас сеуште можат да добијат оперативна поддршка.
Новите правила, исто така, ги вклучуваат производителите на сончеви фотоволтаици и повеќето производители на ветер во систем за поттик, дизајниран да ги минимизира трошоците за потрошувачите. Тие мора да се натпреваруваат на аукции за да понудат производство на електрична енергија по најниска цена, а успешните понудувачи се квалификуваат за поддршка во форма на премии што се плаќаат над пазарната цена за електрична енергија за да се осигурат дека ги покриваат нивните генерирачки трошоци.
Овој систем, кој исто така се применува и во ЕУ, повлекува поголеми ризици за инвеститорите, така што неуспехот да се примени на хидроенергијата претставува нефер предност за овој сектор.
“Вицепремиерот на Северна Македонија, Кочо Анѓушев, поседува голем број мали хидроцентрали, а неговиот кабинет е тесно вклучен во подготовката на законодавството за енергетскиот сектор. Затоа одлуката на Владата да даде повластени субвенции за малите хидроелектрани изгледа сомнително “, изјави Давор Пехчевски од Еко-свест.
“За земја што го има сонцето под нејзино знаме, Северна Македонија чудно го користи својот потенцијал. Привилегираната хидроенергија можеби имала смисла пред неколку години кога сончевите и ветерите биле премногу скапи, но тие денови се одамна заминале “, изјави Пипа Галоп од CEE Bankwatch Network. “Наместо да се стимулира растот на нови извори, оваа шема ги потпомага малите хидроцентрали со голема штета. Треба веднаш да се смени за да се обезбеди еднакво поле за играње “.
„Во трката да ги исполнат своите обврски кон Енергетската заедница и да започнат со преговори со ЕУ, многу од земјите од Западен Балкан побрзаа со планови за изградба на хидроенергетски капацитети, заради зголемување на уделот на електрична енергија од обновливи извори во своите земји. Меѓу нив и нашата земја- повеќе реки се веќе уништени или изложени на опасност од изградба на мали хидроцентрали. Хидроенергетските проекти ја уништуваат природата и животот на локалното население“ – изјави Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест, добитничка на наградата за животна средина Goldman, со која им се оддава почит за достигнувањата и лидерството на грасрут
активисти за животна средина од целиот свет, со цел да нè инспирираат сите нас да
преземеме нешто за да ја заштитиме нашата планета.
Лешоска ја доби наградата како признание за седумгодишната кампања за стопирање на меѓународното финансирање за Бошков мост и Луково поле-две големи хидроцентрали планирани во националниот парк Маврово, со која го заштити живеалиштето на речиси исчезнатиот Балкански рис и многу други ретки и ендемски видови во паркот.
Д. Т.