Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Наумовски: За урбаната мафија во Тетово виновни се и локалната и државната власт

25/07/2019
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Наумовски: За урбаната мафија во Тетово виновни се и локалната и државната власт
Share on FacebookShare on Twitter
Зеленото Тетово, како што во минатото се нарекувало и распознавало меѓу патописците во минатото, град со прекрасна природа и природни ресурси во подножјето на Шар планина. Денеска Тетово е град на сообраќајниот хаос, урбаната мафија која неконтролирано гради, паркови претворени во бетонирани плоштади и неплански градени објекти за разна намена. Сè помалку останува од Тетово од минатото, а новото руво на градот го красат депонии и никаква грижа на властите за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

„Тетово во минатото имал многу зеленило, паркови, дури и градскиот плоштад тогаш беше еден од многуте паркови. Сега во Тетово, со новите урбанистички (не)планови немаме ниту еден парк. За жал, и по 5 години немаме урбанистички план и сè помалку зелени површини има во градот. Белите дробови на Тетово и Скопје, како што многу урбанисти ја нарекуваат Шар планина, место да се негуваат и чуваат, се предмет на дивокрадци каде бесрамно се сече шумата. Од друга страна Шара преставува и една од најбитните ресурси за развој на економијата и туризмот. Имаме еден масив што започнува од Маврово па завршува кај Љуботен што насегаде во светот би бил искористен за развој на туризмот, планинарство. За жал, ние не само што ништо досега не сме направиле, туку и она малку што се направи не е како што треба и не функционира“, изјави граѓанскиот активист и соработник на ЦИВИЛ од Тетово, Перо Наумовски. со кого разговаравме за зелените вредности.

Екологистите од Тетово постојано апелираат да се реши конечно проблемот со ски центарот Попова Шапка и целиот масив на Шар Планина со долгорочно планирање. Како што вели Наумовски, апсурдот лежи во отпорот на локалните власти на иницијативите на екологистите да се прогласи Шар Планина за национален парк.

„Нема нови пошумувања, нема нови паркови, напротив и тоа што го има со урбаната мафија и со условите какви што се општината и државата, дополнително се уништува“, разочарано појаснува Наумовски.

„Своја одговорност има и државата, а голем дел од надлежностите се и на локалната самоуправа. Многу влијае и сè уште нерасчистените односи во пренесувањето на ингеренции од државно на локално ниво. Можеби ќе помогне доколку сите општини што гравитираат во Полошкиот плански регион се вклучат во зеднички проекти за екологија, развој на туризмот, земјоделието и сè она што е природен ресурс. Проблемот го лоцирам кај сите носители на власта, но криви сме и ние самите, граѓаните. Еколошката свест треба да почне од образовнаието. А за условите во нашето образование не сакам ни да зборувам“, потенцираше Наумовски.

Перо Наумовски, како долгогодишен поддржувач и член на ЦИВИЛ, присуствуваше и на инфо-штандот во Тетово каде се промовираше проектот „Зелена иднина“, а во директна комуникација со граѓанките и граѓаните разговаравме за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

Биљана Јордановска

Камера и фотографија: Ариан Мехмети

This post is also available in: AlbanianEnglish

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW