Со решение на инспектор, стопирани се двете градби во Охрид, едната сред брегот на езерото и другата во центарот на градот, зад кои стои советник од Општината.
Премиерот Зоран Заев, по отворањето на новиот погон за месни преработки во Глумово, Општина Сарај, одговорајќи на новинарски прашања изјави дека се постапува и по однос на дивоградбите на Матка.
„Решението е издадено, следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите. Ако не постапи Општината, ќе постапи државата. Тоа не е само поради УНЕСКО, туку и поради законите во земјава кои треба да се почитуваат“, додаде Заев.
„Како што и тогаш се изјаснив за платформите, за една има судски спор. Деновие Министерство за траспорт не извести да бидеме претпазливи, да не постапуваме набрзина зашто има двостепеност. Се разбира, согласно законите, ќе се реши и ова прашање“, изјави градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.