Дел од тимот на ЦИВИЛ утре ќе биде на Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Врапчиште и Теарце), односно на терен ќе отвори информативен штанд за директна комуникација со граѓанките и граѓаните, а воедно ќе спроведе и видео-анкети на повеќе прашања.
Тимот ќе направи и неколку интервјуа и состаноци со претставници на локалната власт и граѓанските организации.
На инфо-штандовите на ЦИВИЛ, граѓан(к)ите ќе имаат можност да се запознаат со активностите на тимот и да ги искажат своите размислувања и забелешки што се однесуваат на политиките и пракитките на локалната и централната власт. Фокусот на раговорите ќе бидат зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
Граѓаните и граѓанките истовремено ќе имаат можност да се запознаат со поврзаноста на овие три елементи, како предуслов за општество кое се стреми кон демократски вредности и напредок базиран на грижата за околината и иднината.
Настание се дел од проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.
Д. Муратов