По вчерашните протести ширум Бразил, но и во Париз и Лондон, како и револтот на меѓународната заедница, претседателот на Бразил им нареди на вооружените сили да се вклучат во гаснењето на шумските пожари во Амазон.
За големиот број пожари се смета дека одговорен е човечкиот фактор, односно причината е стекнување на земјиште за земјоделство и рударство, откако Болсонаро даде отворена поддршка за расчистување на областите во Амазон зтокму за оваа намена.
Болсонаро, пак, како одговор на меѓународниот притисок рече дека земјите кои донираат пари за заштита на шумите во Амазонија не го прават тоа од „милост“, туку за да се мешаат во суверенитетот на Бразил. Сепак, потпиша указот со кој се овластува распоредувањето на војската за еден месец за држење под контрола на пожарите.