Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Џафери: Во Тетово национализам има само на стадиони

01/08/2019
in АКТУЕЛНО
Џафери: Во Тетово национализам има само на стадиони
Share on FacebookShare on Twitter

Екипата на ЦИВИЛ разговараше со Арианит Џафери од Еко Герила за национализмот и лажните вести на локално и национално ниво. Интервјуто е дел од проектот „Зелена иднина“, со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел (Сараево), и дел од посетата на екипата на ЦИВИЛ на општините во Полошкиот регион.

ЦИВИЛ Медиа: Дали има национализам во Тетово?

Џафери: Во Тетово национализам може да се види и слушне само на трибините по стадионите, од која било страна. Расистичките и фашистички повици што се слушаат на трибините за време на големи спортски натпревари, се можеби единствените моменти во кои се изразува национализмот во Тетово. Инаку, Тетовчани имаат хармоничен соживот и живеат мирно едни со други, Албанци и Македонци, има многу кафулиња во кои се дружат, се забавуваат заедно, има многу бизниси со кои заедно се управува. Во секојдневието комуницираат нормално меѓу себе, Албанци и Македонци, ги посетуваме за Велигден, не посетуваат за Бајрам, така што не верувам дека национализмот постои во некоја одредена поистакната форма, независно од тоа што честопати политиката е таа што поттикнува одредени чувства кај едниот или кај другиот, секако, за да придобијат политички поени. Но, долгорочно, не верувам дека има национализам во Тетово.

ЦИВИЛ Медиа: Како се справувате со лажните вести, дали ги распознавате, или ви треба упат?

Џафери: Лично, за лажните вести имам направено непробоен ѕид, и кога ќе прочитам наслов од типот „Нема да поверувате  што се случило“ или „Еве што кажа тој и тој…“, јас тој линк не го отворам. Така што, не само што поттикнуваат негативни реакции, лажните вести се и досадни и штетни бидејќи во моментот кога се експонираш пред тие вести, како да креираш некаков отпор кон тие вести, и може да биде вистинска вест, но нема да ја прочиташ бидејќи веќе имаш отпор кон истите. Како организација, многу внимаваме на лажните вести, честопати добиваме информации од луѓе, информации кои би ги употребиле, и кошто би предизвикале многу поголема реакција. Но, теркот на нашата организација е да не реагираме на непотрврдени информации. Истиот пристап го имаме и со лажните вести. Ние може да прочитаме, и доколку не е потврдена, доколку нема јасни извори таа информација, ако е од аномимни извори и само за нашата редакција, како што обично велат, не реагираме на тие вести. Затоа, добро е да се среди оваа работа со закон, бидејќи често се случувало и порано, и честопати лажните вести предизвикуваат и меѓуетнички, меѓуверски конфликти, нетолеранција меѓу луѓето, и може да предизвика многу поголеми проблеми отколку некаква безначајна непријатност на социјалните мрежи.

Дијана Тахири

камера и монтажа: Ариан Мехмети

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW