Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Доаѓа топлотен бран, аларм за опасност од пожари

06/08/2019
in АКТУЕЛНО
Филипини со закон ги обврза учениците да садат дрвја ако сакаат да го завршат своето образование
Share on FacebookShare on Twitter

Од четврток до средината на следната недела, од граѓаните се бара голема одговорност за да не се предизвикуваат трагични пожари кои го треселе светот во овие периоди, а во минатите години ја загрозиле и нашата земја. Дирекцијата за заштита и спасување, согласно најавите на УХМР најавува дека под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот.

“Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза”, информираат од Дирекцијата.

Покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување, дирекцијата презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. Воедно, ДЗС апелира до локалната самоуправа, граѓаните и посетителите на Република Северна Македонија, да внимаваат кога се на отворено и:

-да не се фрлаат цигари и догорчиња;

-да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;

-да не се пали оган и скара на отворен простор и шума;

-да не се дозволува на децата да си играат со запалки, пламен и жар:

-да не се пали отпад и друг горлив материјал;

-да не се палат стрништа и меѓи

-имајте на ум дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода;

-ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Во соопштението се додава дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, веќе се преземени превентивни мерки, а од март се донесе и забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми. Забраната ќе трае се до нејзиното отповикување.

“ДЗС, со цел зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август, на територијата на целата земја, ја спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени- Природата е наша одговорност”, се вели на крајот на соопштението од ДЗС.

А. Зеќири

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW