Кањонот Матка има статус на природен споменик, а сепак за зачувување на тој статус бара посебно внимание и соработка помеѓу сите надлежни институции вклучувајки ја и Владата, се огласија од Министерството за животна средина и просторно планирање откако вчера Антикорупциска побара да Матка да биде прогласена за заштитето подрачје односно за споменик на природата.
– Во тек сме на подготовка на Студија за преиспитување на природните вредности на кањонот Матка. Покрај тоа, Министерството за животна средина и просторно планирање има за цел да го унапреди управувањето со заштитените подрачја, како Шар Планина, Осоговските Планини, Тиквешкото Подрачје и други – велат од Министерството.
Оттаму велат дека се подготвени да соработуваат со сите релевантни институции со цел да ги заштити вредностите на природното наследство.
Инаку, Антикорупциска вчера побара и кривична одговорност од градоначалникот на Сарај за платформата на Матка која како времен објект тој не смее да ја легализира. Наместо да ги одбие барањата за легализација, тој ги чувал во фиока.