ЦИВИЛ – Центар за слобода, утре со почеток во 11 часот, во Старата скопска чаршија, пред платото на ЈИЕ, ќе го промовира проектот„Зелена иднина“ што го спроведува во соработка со Хајнрик Бел од Сараево.
На инфо-штандот тимот на ЦИВИЛ ќе сподели едукативен и информативен материјал за зелените вредности, социјланата правда и антинационализмот.
Во директна комуникација, пак, со граѓанките и граѓаните ќе се слушнат нивните размислувања, ставови и предлози како овие вредности можат и треба да се заеднички да приоднесат кон подобро општество.
ЦИВИЛ тим за комуникации
Текстот на ова соопштение е дозволен за преземање во целост.
This post is also available in: English