Тим на ЦИВИЛ денеска ги посети општините Градско и Росоман каде пред граѓанките и граѓаните го претстави проектот Зелена иднина.
На инфо-штандовите граѓан(к)ите имаа можност да ги изнесат своите ставови за социјална правда, зелените вредности и антинацонализмот.
Во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ тие ги посочија најголемите проблеми со кои се соочуваат овие општини, а се врзани со овие теми.
Дел од нив потпишаа и изјави за поддршка на ЦИВИЛ.
Тимот во текот на денот ќе ги посети и градовите Неготино и Кавадарци.
Тим за комуникации на ЦИВИЛ
This post is also available in: English