Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, пред преминот „Палета“ во Скопје, го промовираше проектот „Зелена иднина“, кој организацијата го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево. На инфо – штандот граѓанките и граѓаните имаа можност да се информираат за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот преку едукативен и информативен материјал и да ги споделат своите размислувања на темите.
Во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ, граѓанките и граѓаните имаа можност да се запознаат со поврзаноста на овие три елементи, како предуслов за општество кое се стреми кон заштита на животната средина и демократските вредности во целина.
Б. Ј.