ЦИВИЛ утре со почеток во 11 часот, кај кафулето „Гарсон“, во центарот на Скопје, организира инфо-штанд посветен на промоција на зелените вредности, социјалната правда и антинационалзмот.
На инфо-штандот граѓанките и граѓаните во директна комуникација со ЦИВИЛите ќе имаат можност да се информираат за покетните активности на организацијата и воедно да ги споделат своите ставови, предлози и идеи на овие теми.
Се разбира, ЦИВИЛ ја нуди и опцијата, поддршката граѓанките и граѓаните да ја изразат онлајн на линк на организациската веб страница и да се информираат во секое време за активностите поврзани со зелените вредности, антинационализмот и социјалната (не)правда на специјализираната страница Зелен ЦИВИЛ.
Проектот „Зелена иднина“ ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со германската Фондација Хајнрих Бел.