Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

„Недела на иднината“: Протести за спречување на еколошка катастрофа

20/09/2019
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Над еден милион ученици „ќе избегаат“ од часови заради Штрајкот за климата
Share on FacebookShare on Twitter

Штрајкот за климата произлезе од протестот „Петоци за иднината“ , кој го започна шведската активистка, 16-годишната Грета Тунберг која секој петок изостануваше од настава за да протестира пред Владата во обид да ја поттикне да се заложи повеќе во борбата со климатските промени.

Започнувајќи од денес на светско ниво ќе се одржат протести и разни активности за спречување на еколошката катастрофа, кои ќе траат до 27 септември.

Денеска во главниот град, „Петоци за иднината Скопје“ организира протест пред Владата со почеток од 13 часот, со што и ќе се отвори „Неделата за иднината“. Протестот ја има поддршката на повеќе организации за животна средина како: Движење за чист воздух, Skopje Smog Alarm, Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно, O2 Иницијатива и други. Барањата на Петоци за Иднината ќе бидат изложени на објектот.

Утре ќе се одржи велосипедско возење низ Скопје во организација на Eko-svest. Критичната маса #наточак ќе започне во 19 часот во паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули, и ќе заврши во 19 и 30 пред Школка во градски парк, каде ќе се одржи филмска проекција под отворено небо на тема климатски промени. Во недела ќе се одржи акција за ослободување на заробени дрвја во Скопје.

На 25 септември, во среда, во кафе Котур ќе се одржи панел дискусија, со почеток во 18 и 30 часот, со проф. Наташа Марковска, претставник на Македонија во Меѓународниот панел за климатски промени, проф. Ристо Цицонков, автор на првиот национален извештај за климатски промени, и Симона Гетова, магистер по менаџмент и политики за животна средина од ЦЕУ во Будимпешта.

На 26 септември, во организација на Young Friends of the Earth Macedonia, ќе се одржи работилница со наслов “Градење моќ и глокално дејствување”, а пак за последниот ден е закажан марш за климата со почетна точка Министерство за животна средина, преку Собрание и Владата како крајна точка. Почетокот на маршот е закажан во 13 часот.

Огранокот на глобалното движење за климатска правда „Петоци за иднината“ на 16-годишната климатска хероина Грета Тунберг во земјава, „Петоци за иднината Скопје“ побара од средните училишта во главниот град да се солидаризираат со глобалниот настан и да им дозволат на средношколците да ги напуштат првите два часа од втората смена в петок, за да можат да присуствуваат на протестот против климатските промени, што ќе се одржи пред Владата со почеток во 13 часот.

Денеска започнуваат демонстрациите за климатската криза низ целиот свет.

Илјадници претежно млади луѓе излегоа на улиците во  Австралија и азископацифичките земји и ги почнаа глобалните протести со кои ги повикуваат светските лидери на самитот на ОН за климатски промени да донесат итни мерки за да се спречи еколошка катастрофа.

Протести, кои ги иницира 16-годишна шведска активистка Грета Тинберг, се планирани во околу 150 држави.

Целта е да се укаже на последиците од климатските промени врз планетата и да се упати барање до владите итно да се ограничат активностите кои водат кон понатамошно загадување на животната средина.

Протестите ќе „кулминираат“ во Њујорк кога Тинберг, која веќе е номинирана за Нобелова награда поради својот активизам за климата, ќе предводи собир пред седиштето на ОН.

Ангела Петровска 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW