ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес од понеделник стартува со големата акција за расчистување на опожарените површини над велешкото езеро „Младост“, каде во големиот шумски пожар од 26 август годинава неповратно изгореа 409 хектари, од кои 200 хектари под борова шума.
Љубинка Попова за МИА информира дека есенва мора да бидат исчистени сите опожарени локации, односно исечени сите опожарени дрвја од црн бор на површина од 200 хектари. Таа очекува во акцијата да се приклучат невладините организации, ЈКПДервен“ по налог на Општина Велес, припадниците на АРМ и сите заинтересирани граѓани институции и фирми и граѓани.
Воедно, најави дека планот е есенва на 50 хектари да бидат засадени садници од зимзелени брзорастечки дрвца – чемпрес и туја. Акцијата за пошумување ќе стартува на 9 ноември, Денот на градот, со масовна вклученост на велешани.
Инаку, првичното расчистување на опожарените површини се изведе во понеделникот на 23 септември, кога по налог на Општина Велес, вработени од ЈКП „Дервен“ над велешкото езеро „Младост“ расчистија мал дел од опожарена површина над летниковците наспроти бродот „Панини“, а во акцијата за расчистување беа вклучени и припадници на Армијата од велешкиот гарнизон.
Тогаш симбилично беа засадени 30 дрвца брзорастечки јапонски кедер. Симбилично прв дрвце засади претседателот Стево Пендаровски, кој даде поддршка за старт на големата акцијата за пошумување на површините над велешкото езеро „Младост“.
извор: МИА