Тим на ЦИВИЛ денеска продолжи со теренски активности во општините Битола, Новаци, Могила и Прилеп каде на инфо -штандовите го за промовираше на проектот „Зелена иднина“.
Граѓанките и граѓаните во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ ги споделија своите ставови за зелените вредности, социјалната правда и антинационалзмот.
Во Прилеп, исто така, ЦИВИЛ одржа работилница „Зелена иднина“ во градската библиотека „Борка Талески“ на која учествуваа заинтересирани граѓанки и граѓани.
По работилницата во центарот на Прилеп, граѓанките и граѓаните имаа можност на инфо-штандот на ЦИВИЛ да се информираат за проектните активности, како и да споделат свои видувања за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот во нивната општина.
Во Битола и Прилеп тимот спроведе анкета меѓу жителите на овие две општини кои ги изразија своите видувања за тоа каква иднина и претстои на земјата, зелена или црна.
Проектот „Зелена иднина“ ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондација Хајнрих Бел, Сараево.
Фотографии: Тим на ЦИВИЛ