Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Во Кочани реализиран проект за управување и третман на пластичниот ПЕТ отпад

18/09/2019
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Во Кочани реализиран проект за управување и третман на пластичниот ПЕТ отпад
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кочани е реализиран проект за воспоставување функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ пакување, чиј носител беше Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“.

Проектот се реализираше во партнерство со компанијата „Екопроект-Ко“ од Кочани, а главна цел беше подигањето на јавната свест за штетното влијание на пластичниот ПЕТ отпад. Во изминатиот едногодишен период беа обезбедени потребните ресурси за селектирање, како и техничка поддршка за собирање и транспорт на отпадот во што беа вклучени учениците и наставници од четирите основни училишта во Кочани, како и од неколку угостителски објекти.

-Позитивен ефект од проектот е што за само десетина месеци успеавме да собереме околу 3,5 тони отпадно ПЕТ пакување, а во соработка со средношколците од училиштето „Гошо Викентиев“ ја изработивме првата рачна преса за намалување на волуменот на пластичните шишиња. Освен тоа, одржавме и 16 обуки за подигање на јавната свест за штетноста по животната средина, но и за можностите за третман на ПЕТ отпадот, а на кои учествуваа над 600 ученици од основните училишта. Преку пропаганадно-информативен материјал, што беше доставен до десетина илјади граѓани, успеавме пошироко да проговориме за овој глобален еколошки проблем и за можната финансиска корист ако пластичното пакување се рециклира, истакна Ирена Мирчовска, координатор на проектот.

Вкупниот буџет на проектот изнесуваше над 35 илјади долари, при што од Глобалниот еколошки фонд – програма за мали грантови (ГЕФ – ПМГ) беа добиени 23 илјади долари, а остатокот е сопствено учество на здружението „Еко Тим Исток“ и партнерската компанија.

И по завршувањето на проектот, активностите и соработката на „Еко Тим Исток“ со основните училишта и рестораните ќе продолжат, а веќе има иницијатива за вклучување на средните училишта и други угостителски објекти. Сличен проект ќе биде реализиран и во соседната општина Чешиново-Облешево, каде ќе се собира пластичниот отпад што останува по завршувањето на земјоделските активности.

извор: МИА

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW