Тим на ЦИВИЛ денеска го помина денот со теренски активности во општините Вевчани, Струга, Охрид и Ресен за промоција на проектот „Зелена иднина“.
Во директна комуникација со граѓанките и граѓаните тимот на ЦИВИЛ зборуваше за зелените вредности, социјалната правда и антинационалзмот.
На инфо штандовите во овие општини граѓанките и граѓаните имаа можност да ги споделат своите ставови, предлози и идеи на овие теми.
Утре тимот продолжува во општините во Битола, Новаци, Могила и Прилеп. Во Прилеп, исто така, ЦИВИЛ ќе одржи и работилница „Зелена иднина“ со почеток во 13 часот во градската библиотека „Борка Талески“ на која ќе учествуваат претставници на локалната самоуправа, невладиниот сектор, како и сите заинтересирани активни граѓанки и граѓани.
По работилницата во центарот на Прилеп, граѓанките и граѓаните ќе имаат можност на инфо-штандот на ЦИВИЛ да се информираат за проектните активности, како и да споделат свои видувања за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот во нивната општина.
Проектот „Зелена иднина“ ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондација Хајнрих Бел, Сараево.
Фотографии: Тим на ЦИВИЛ