Од денеска, па се до петок, ЦИВИЛ ќе организира јавни презентации на проектот Зелена иднина на неколку локации во Скопје.
Денеска, во центарот на Скопје, кај преминот Палета, граѓанките и граѓаните на инфо-штандот на ЦИВИЛ ќе имаат можност да се запознаат со целите на проектот, но и да дискутираат со ЦИВИЛите за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
Утре, инфо-штандот на ЦИВИЛ ќе се премести пред кафулето Гарсон, а во петок во Старата скопска чаршија. Инфо-штандовите започнуваат од 11 часот.
Јавните презентации се дел од проектот „Зелена иднина“ кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со канцеларијата на Хајнрих Бел во Сараево.
ЦИВИЛ – Тим за комуникации