Гудрун Штајнакер е поранешна амбасадорка на Сојузна Република Германија во нашата земја. По завршувањето на нејзината мисија во Северна Македонија, Штајнакер е амбасадорка во Црна Гора, по што се пензионира. Како искусна дипломатка, но уште повеќе како активистка на граѓанското општество, Штајнакер е извонредно активна во повеќе полиња, од кои најголемо внимание посветува на зелените теми.
Сега е потпретседателка на Асоцијацијата Југоисточна Европа, организација што е во потрага по градење мостови меѓу политичката дебата, научниот дијалог и социо-културната размена посветена на Југоисточна Европа, формирана во 1952 година.
Нејзината посета на Скопје поврзана со темите со кои се занимава во овој период, ја искористивме да направиме краток разговор на актуелни теми.
ЦИВИЛ МЕДИА: Во контекст на нашите големи очекувања од одлуката во Брисел за почеток на преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ и вие како поранешна амбасадорка на Германија во Северна Македонија, би сакал да ве прашам, со оглед дека сте многу активни во регионот, како дел од организации што работат во регионот, која е вашата перцепција за македонскиот напредок во однос на ЕУ, во светло на очекуваната одлука за што овие денови се очекува да се донесе во Брисел за датум за преговори за пристап на Северна Македонија во ЕУ?
ШТАЈНАКЕР: Јас сум убедена дека Северна Македонија направи многу чекори во вистински правец. Мора да речам дека откако новата Влада ја презеде власта во 2017 година, неверојатно е што постигнаа. Секако, свесна сум, исто така, и за многуте проблеми во вашата земја, социјални, политички, а сега како активистка за заштита на животната средина, работам за невладина организација „Euro Nature“ во Германија, свесна сум и за овие проблеми. Мислам дека тие можат единствено да се решат во процесот на прифаќање на земјата во ЕУ. Навистина ми е драго што германскиот Парламент одлучија за поддршка на отворање на процесот на датум за преговори. Навистина се надевам дека Брисел и другите ЕУ влади ќе го следат примерот. Навистина сум оптимистична дека тоа ќе се случи и дека од наредната година Северна Македонија веќе ќе ги води пристапните преговори и тогаш ќе започне процесот на приближување кон ЕУ, правилата и стандардите, вклучувајќи го и Поглавје 27. Тоа e област во која навистина бев активна во последната земја во која бев амбасадорка, Црна Гора.
Мислам дека заштитата на животната средина и природата е можеби најголемиот предизвик и задача во регионот. Се разбира, во контекст на социјалниот и економски развој, затоа што знаеме каква е ситуацијата, а младите образовани луѓе уште масовно се иселуваат од регионот. Тоа е огромен проблем и за Северна Македонија, но и за другите земји. Ние, посебно, јас како поранешен германски дипломат и Германија како важна земја-партнер на РСМ, треба да направи што е можно за овој процес да се прекине и младите луѓе откако успешно ќе се едуцираат во Германија или било каде во Европа, да се вратат назад и да помогнат да за развој на вашата земја.
Природата и животната средина е најважните средства што мора да ги заштитите и развивате и дури тога ќе можете и да профитирате од нив.
И посакувам на Северна Македонија сè најдобро и сум навистина оптимистка дека со следните чекори што ќе дојдат вие ќе бидете успешни. Има навистина прекрасни луѓе во вашата земја и секогаш кога сум тука, последен пат бев во 2017, се среќавам со овие прекрасни луѓе, со вашето многу активно граѓанско општество. Се надевам дека, особено младите луѓе, ќе ја гледаат иднината овде, во оваа земја, во овој регион и дека влезот во ЕУ ќе придонесе да бидат оптимисти и да ги инвестираат своите капацитети тука, во нивната држава.
разговорот го водеше: Џабир Дерала
обработка на текст и транскрипт: Биљана Јордановска
монтажа: Биљана Јордановска
камера и фотографија: Атанас Петровски
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
This post is also available in: English