Пратеничката Арта Точи на конференцијата „Зелените доаѓаат“ во организација на ЦИВИЛ изјави дека ова нашата држава сè се политизира, граѓаните во некои места од државата не одлучуваат ни кој ќе им биде градоначалник, бидејќи други одлучуваат за нив.
„Мојот град е прво место со загадување и долго време тој црн дим што го имаме мислевме дека е магла, карактеристична за зимата. Почнавме со протести, десетина луѓе во тоа време, следните со поголем број, јавните настани на Џафери помогнаа да разберат луѓето дека тоа е загадување, за тоа колку болни има благодарајќи на загадувањето. Лошото беше во тоа што овие протести беа организирани од Албанец, а Тетово е мултинационален град, па тогаш нашите соограѓани Македонци не доаѓаа на тие протести поради тоа. Доброто кое произлезе од тие протести е затворањето на Југохром“, изјави Точи.
Точи додаде дека во другите земји на запад, кога сите проблеми ќе им бидат решени, тогаш обично тие размислуваат за екологијата, но дека тоа треба да биде обратно.
„Јас екологијата ја ставам на прво место. За Македонија да биде со другите цивилизирани земји, не треба за министри за екологија да ставаме луѓе кои прв пат слушаат за зборот „екологија“ кога ги избрираат на функција“, вели таа.
Таа вели дека Министерството за животна средина и просторно планирање служи на луѓе како премиерите и други функционери, кога ќе сакаат да наградат некого, тогаш му го даваат тоа министерство, а тој не знае што треба да прави.
„Шара е во опасност, треба сите да кренеме глас, таа е наша планина, пееме песни и треба да знаеме дека сите да работиме за тоа, бидејќи се упропастува. Велат дека старото дрво треба да се сече, па да растат нови, но, реките и езерата на Шара ќе служат за хидроцентрали и ќе служат на луѓе од власта СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Јас апелирам на сите луѓе на кои екологијата им е во свеста и да не ги оставиме тие луѓе кои живеат таму осамени“, вели Точи.
„Освен ЕКО Герила има уште една невладина која се вика Да ја спасиме Шара. Самата асоцира дека Шара бара спас, од самиот човек. И Попова Шапка е дел од Шара, не знам дали сте ја посетиле, не изгледа како што беше порано, се што имаше е расипано и изградено без планови, изградено маало на ДУИ, изградиле викендички со локација што е малку поизлолирано од другите, тоа е жалосно. Тие градат со многу пари, не како обичните граѓани, бидејќи се корумпирани и имаат пари и замислете што оставаат зад нив“, изјави Точи.
Ангела Петровска
This post is also available in: Albanian