Учениците велат дека со овој филтер воздухот во Скопје може да се исчисти за една третина. Но, потребен им е инвеститор
Греењето е најголемиот загадувач на воздухот во Скопската Котлина, и тоа загревањето на домаќинствата во најголем дел, покажуваат повеќе научни истражувања.
Бидејќи ова е најевтиниот начин на загревање на домовите, тешко дека семејствата во догледно време ќе прифатат друг начин.
Науката бара нови решенија. Бидејќи фабриките користат филтри, логично е да се размислува во таа насока и кога се во прашање оџаците на домовите.
Токму оттука тргнале со размислувањата тројцата средношколци од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, Теофилија Стоилковска, Марко Дураков и Мартин Стеванов. Епилог е нивната иновација – филтер што се става на оџак и притоа не дозволува штетните честички да завршат во воздухот.