Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home СТАВ

Чекајќи ја Клара Цеткин

04/11/2019
in СТАВ
Чекајќи ја Клара Цеткин
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ 

Во два дена две буквално шокантни вести за суровоста, за безочноста на капиталистите од македонскиот текстилен кластер.

Првата: За да биле конкурентни на меѓународниот пазар, газдите на конфекциите побараа државата да им дозволи работното време во нивните погони да го зголемат на осум и пол часа и работничките да шијат и во деновите на викенди и државни празници.

Втората: Работничка сведочи дека за целото време додека работат, вратите на објектот се заклучени однадвор. Дека без дозвола никој ниту смее да помисли, а камо ли да стане од машините за шиење дури и за до, исто така, заклучениот тоалет. Газдата им ја контролира и ограничува дури и физиолошката потреба.

Вестите како да доаѓаат од некаде од Далечниот Исток или од Африка, а не од, нели, европската Македонија. Да бевме саглам држава, онаква посилно институционална, да бевме и јавност онаква поскандинавска, послободоумна и понесебична, за ваквата ментална извртеност на џипосаните текстилни газди, за ваквата тортура врз работничките конфекционерки, општествово ќе експлодираше. Од гнев, од револт, од тортура.

Состојбата не е нова и, рака на срце, актуелната влада, со субвенциите на платите на текстилците и кожарите, колку толку ја санираше. Но молкот пред посочените вести  ужаснува колку и самите вести. Нашата колективна рамнодушност само ја потврдува нашата ментална атрофија. Нашата неизмерна себичност. Нашиот фрапантен и уникатен егоизам. Нашиот молк на експлоататорските барања на кластерот за текстил и на сведоштвото на конфекционерката. Тоа е нашиот срам, нашата себичност.

Додека јавноста е преокупирана со едноличните меѓупартиски вербални атракции, во дебелата сенка на уставната социјална држава, си тече животот. Оној обичен катадневен народски. Ама и овој на македонските конфекционерки девојки, мајки, сопруги, баби.

Деновиве медиумите ја начнаа темната состојба. Ја запалија алармната сијаличка. Останува да ја запалиме и ние нашата. Онаа на совеста. И повеќе да не ги туркаме мачните егзистенцијални теми што подалеку од нас. И да ги подразбудиме и државата и нејзините инертни инспекторати и канцелариски инспектори.

А на овдешните сурови експлоататори и натаму ќе им се може. Ќе им се може, сѐ додека во некој задушлив подрум, во некој амбиент на некое робовладетелско текстилно сивило со заклучен тоалет, некому не пукне филм.

Сѐ додека Македонија не ја изнедри својата хероина ослободителка, својата Клара Цеткин.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
ПРЕЗЕМАЊЕТО (делумно или во целост) НА КОЛУМНИТЕ ОД САШО ОРДАНОСКИ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW