„Меѓу стремежите и реалноста“, е наслов на конференцијата посветена на граѓанското општество, а по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ЦИВИЛ, која ќе се одржи утре (29 ноември 2019, четврток) во Музејот на Град Скопје со почеток во 13 часот.
Почесен говорник на дискусијата е претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а говорнички и говорници се Афердита Хаџијаха од ИФЕС, Фани Каранфилова Пановска од ФОСМ, Мерита Максути од Еко Герила, Савка Тодоровска од СОЖМ, Александар Кржаловски од МЦМС, Ибрахим Мехмети од Швајцарска Амбасада/СДЦ, Мирјана Најчевска, универзитетска професорка, Алберт Муслиу од АДИ, Ленче Здравкин од Куќа на надежта, Сашо Орданоски, универзитетиски професор, Мерсиха Смаиловиќ од Легис, Дехран Муратов и Џабир Дерала од ЦИВИЛ, како и други активисти и претставници на организации и инцијативи.
Кои беа и кои се клучните предизвици во годините што изминаа и годините пред нас? Како до повидлив и повлијателен граѓански сектор и подобри резултати во иднина? Ова се дел од темите на кои ќе говорат ветераните во граѓанскиот сектор и најистакнатите соработници на ЦИВИЛ во изминатите 20 години.
Модераторки на настанот ќе бидат Дијана Тахири и Маја Ивановска од ЦИВИЛ, а настанот ќе go отвори Петрит Сарачини, директор на Фестивалот на слободата 2019, со детали на програмата и настаните за одбележување 20 годишнината на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ тим за комуникации