Службата на ЕУ за борба против дезинформации констатира дека руските и проруските медиуми шират лажни информации за коронавирусот.
Проруски медиуми пишуваат, меѓу другото, дека Ковид-19 “не е поопасен од сезонскиот грип„ и конструираат теории на заговор дека зад него се крие “расизам“ (кон Италијанци, Кинези, итн), или пак дека “цивилизациите“ ќе бидат уништени.
Други проруски медиуми, најчесто на англиски јазик, шират лаги дека Ковид-19 е всушност “биолошко оружје“ на САД. Во други изданија се пишува дека е биолошко оружје на Британците, а некогаш, пак, на “опозицијата во Белорусија„.
Секако не се поштедени ниту теориите на заговор за фармацевтската индустрија „за да се зголеми продажбата“ на лекови.
Тимовите на ЕУ кои се посветени на анализа на руската дезинформација објаснуваат дека целта на Кремљ е да се рашири конфузијата и збунетоста кај луѓето за да се дискредитираат традиционалните и домашните медиуми и структури.