Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

ЦИВИЛ најостро го осудува експлицитниот говор на омразата на Неделковски неговите следбеници

01/06/2020
in АКТУЕЛНО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ упатува најостра осуда на вчерашните објави на Миленко Неделковски со експлицитен говор на омразата на социјалните мрежи на сметка на информацијата дека пратеникот Мухамед Зеќири и неговото семејство се позитивни на Ковид-19. Деструктивноста на пораките на Неделковски се гледа и во бројните коментари во кои дел од неговите следбеници искажуваат поддршка на говорот на омразата, радост и ситење.
Миленко Неделковски е одамна познат по изјавите со повици на насилство против неистомислениците на режимот, со говор на омразата и пораки што претставуваат ширење на национална, верска и расна омраза.

Овој пат, Неделковски на својот Фејсбук профил со радост ја повтори веста, со желба за фатални последици по животот на Зеќири и на неговото семејство!

ЦИВИЛ најостро го осудува овој експлицитен говор на омразата, што непречено го шири Неделковски, криејќи се зад правото на слобода на изразувањето!

Креаторите на содржини и пораки, поттикнувачите, дистрибутерите и поддржувачите на говорот на омразата ги поминаа сите граници! Оваа состојба во јавноста веќе не може да се толерира и да поминува неказнето.

ЦИВИЛ бара од надлежните институции како што е МВР и Јавното обвинителство итно да постапат соодветно на законските обврски за да ја спречат и санкционираат оваа појава која сѐ повеќе зема замав. Понатаму, ЦИВИЛ ја повикува јавноста, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, да го отфрлат и осудат говорот на омразата и повиците за насилство во медиумите, социјалните мрежи и во јавните настапи.

Говорот на омразата поттикнува и дела од омраза. Во оваа состојба на загрозување на човековото здравје и фаталните последици од пандемијата, солидарноста ни е потребна повеќе од сѐ!


ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да се придружат кон напорите за откривање, архивирање и обелоденување на говорот на омразата, лажните вести, корупцијата или кршењето на човековите права. Пријавите може да се поднесуваат на овој ЛИНК или на мејл [email protected], со назнака Граѓанска пријава.
https://clp.mk/prijava/

This post is also available in: Albanian

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW