Зелен ЦИВИЛ разговараше со директорот на Јавното Сообраќајно Претпријатие, Блерим Исмаили, за улогата на јавниот превоз за зачувување на животната средина застапувањето на зелените вредности од ова јавно претпријатие. Исмаили се осврна на новите 33 еко автобуси коишто ги исполнуваат највисоките технолошки стандарди и кои беа пуштени во употреба минатиот месец.
Новите 33 автобуси на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје после подолго чекање поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, конечно го разубавија имиџот на градот Скопје, вели Исмаили.
Вреди да се напомене дека 12 од тие автобуси така наречени „хармоники“ кои можат да превезат до максимум 149 патници, додека 21 се обични автобуси со капацитет до 85 патници.
Овие автобуси ги исполнуваат највисоките технолошки стандарди кога е во прашање јавниот транспорт бидејќи се автобуси од категоријата ЕУРО 6.
Исмаили додава дека овие автобуси во некои земји од Европа се избрани за автобуси на 2016 година додека во Германија се познати под името Плавите ангели бидејќи ослободуваат далеку помалку јаглерод диоксид и не го загадуваат воздухот воопшто.
-Од овие причини, овие автобуси веќе се дел од јавниот транспорт на Шпанија, Норвешка, Унгарија и Полска.
Пред да бидат дел од сообраќајот на Скопје, овие автобуси, Град Скопје дојде до заклучок после тестирање на три различни модели на автобуси кои беа од различни производители, вклучувајќи го и моделот МАН, кој според патниците и анализите резултираше како најсоодветен автобус за јавниот транспорт на Скопје.
Друга причина е дека еден МАН еко автобус ЈСП го штеди за до 25 илјади евра годишно во гориво, со други зборови, ако ги споредиме со старите автобуси кои ги поседуваме, еко автобусот троши речиси двојно помалку гориво со што заштедува еден дел од трошоците, но главниот бенефит е дека истовремено овие еко автобуси придонесуваат во чистење на воздухот во Скопје, бидејќи не го загадуваат воопшто.
Внатрешноста на автобусите е доста модерен и комотен за патниците. Освен валидаторите за билети, дел од автобусите е и полначот за телефони.
За жал, имавме неколку случаи каде повозрасни патници со различни предмети се обидоа да ги тргнат полначите за телефон, за оваа причина ЈСП Скопје беше принудено да пријави во МВР каде што од таму ги презедоа соодветните мерки. Повторно сакам да апелирам, ЈСП Скопје со своите автобуси се неделив дел од имиџот на Скопје и поради оваа причина граѓаните треба да бидат дел од процесот во нивното одржување и во ниеден случај да не ги оштетуваат истите затоа што тоа е забрането по закон и е казниво.
Сакам да истакнам дека ЈСП Скопје на активен начин е вклучено во акцијата за превенција од ширење на коронавирусот. Како? Преку флаерите преведени на албански и македонски јазик, каде се апелира да не се користат одредени седишта со причина за одржување на безбедната дистанца. Во согласност со одлуките на Министерството за Здравство и Владата, сегашниот капацитет на автобусите не смее да се пречекори повеќе од 50%.
Исто така друга заедничка одлука на Министерството за Здравство, Владата и ЈСП Скопје е тоа да патниците со себе да имаат маска, во спротивно нема да им се дозволи влез во автобусите.
Сакам да ги осигурам граѓаните дека оваа одлука или закон за користење на маските во јавниот транспорт не е присутен само во РСМ. Неодамна веќе еден месец е присутен како закон во Велика Британија, така што е задолжително кога граѓаните на Англија го користат јавниот превоз да носат маска. Сакам да апелирам едно нешто, граѓаните треба да се грижат за автобусите бидејќи е нивно богатство, тие го разубавуваат имиџот на градот и на еден или друг начин тие ја даваат пораката која градот Скопје заедно со граѓаните знаат да се грижат за животната средина и екологијата на Скопје.
текст, монтажа и фотографии: Ариан Мехмети
Интервјуто е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
This post is also available in: English