Фејсбук статус на Борче Трајковски
Читам статуси: “Албанци го купиле Скопски пазар. Сеа ќе сме јаделе тоа што Али ќе ни сервира, демек, наздравје бричење Македонци…“
А од каде сте вие бре големи Македонци и патриоти? Вонземјани сте? Од кого купувате на тезгите на пазарите? Од чии камиони купувате лубеници и дињи? Каде и во чии дуќани се облекувате, јадете сладолед, ќебапи, симит погачи? Од кого купувате јаготки? Кога сте заминале од нивните тезги незадоволни, неуслужени, непријатно пречекани затоа што сте Македонци, а не Албанци? Успешни се на сите полиња на бизнисот во Македонија, вредни се до максимална почит. Ораат ниви, копаат, садат, берат, изнесуваат на тезгите за сите чесни купувачи. Никогаш не направиле селекција, овој ќе го услужам, овој нема да го услужам. Произведуваат, тргнете од Скопје кон Тетово и продолжете кон Гостивар, модерни погони за производство на храна, мали фабрики за градежни материјали, хотели, ресторани, и никаде не пишува “Само за Албанци“, а цели семејства од најмало до најголемо, женско и машко, распоредено во огромните ниви и сите со мотики во рацете, наведнати. Пече или пржи сонцето, нема везе. Нив секогаш ќе ги видите таму кога треба да произведат храна за сите, егзистенција за себе…
Овој наметнат груевистички дефект, на делби на национална основа, на делби на предавници и патриоти помеѓу Македонците, на продолжување на вморонската мантра “гасни комори за шиптарите“, “сапун од циганите“, уште долго ќе живее меѓу некои од нас Македонците. Ќе живее како рак рана која од сите страни прави поделби меѓу луѓето. И не само помеѓу различните по вера и националност, туку помеѓу своите… Срамота…
Бљак…