Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Ковачевски: Формирање на Енергетски солидарен фонд за социјално ранливите категории граѓани

10/08/2020
in АКТУЕЛНО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Ковачевски: Формирање на Енергетски солидарен фонд за социјално ранливите категории граѓани
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски гостуваше во Вестите на 24 ТВ и ги образложи околностите што се однесуваат на уделот на Државните електрани на Северна Македонија при формирањето на цената на струјата. Ковачевски најави дека АД ЕСМ веднаш по формирањето на новата Влада на РСМ, ќе предложи формирање на Енергетски солидарен фонд, односно фонд за поддршка на социјално ранливите категории граѓани.

„Цената на електричната енергија, зголемувањето и плаќањето на сметките, различно влијае кај секој поединец. Кај посиромашните повеќе се чувствува, кај повеќеимотните е поблаг тој удар. Токму затоа, размислуваме да се формира енергетски социјален пакет, односно количество на електрична енергија кое ќе биде донирано кон ранливите категории на наши граѓани. Сметам дека на тој начин можеме да го подобриме стандардот и квалитетот на живеење на таа категорија на граѓани”, рече Ковачевски.

Генералниот директор на АД ЕСМ уште еднаш образложи дека по либерализацијата на пазарот на електрична енергија на 1 јули 2019 година, компанијата ја нуди произведената електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум по цена која не мора да биде обврзувачка за набавувачот, но која истовремено е далеку пониска од цената на пазарот. Производителот на електрична енергија учествува со околу 40 % во формирањето на цената за домаќинствата, додаде Ковачевски.

“ АД ЕСМ изминатите три години е ,условно кажано, заштитник на цената на струјата за граѓаните и испорачува 100 % од потребите на ЕВН Хоум наместо законски предвидените 75 %, по износ понизок од пазарната вредност на електричната енергија. Во спротивно, ЕВН Хоум ќе треба да набави дел од електричната енергија по повисока цена од компании кои имаат лиценца за трговија со струја, со што ценовниот удар врз граѓаните би бил далеку, далеку поголем”, рече Ковачевски.

На крај, Ковачевски порача дека најголем дел од приходите што ги остварува АД ЕСМ се инвестираат во производствените капацитети, со што се гарантира стабилноста на електроенергетскиот систем, а се вложува и во обновливи извори на енергија.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW