Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Нуредини: Работите се под контрола, постојано се мониторира состојбата со винил хлоридот

31/08/2020
in АКТУЕЛНО
Нуредини: Со прогласување на Шар Планина и Осоговските Планини за заштитени подрачја бенефит ќе има и државата
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед дека министерот за животна средина и просторно планирање останува ист, очекувањата и на јавноста остануваат исти, решавање на проблемите со отпадот, аерозагадувањето, заштита на животната средина, екологијата, па и здравјето, со оглед на кризата со корона вирусот… на листата на очекувања е исполувањето на ветувањето за преточување на винил хлорид мономерот од ОХИС.

ЦИВИЛ Медиа, и покрај официјалната изјава на Министерството, побара одговор и од министерот Нуредини откако се алармираше за опасноста од оваа материја, по експлозијата во Бејрут.

„За среќа неспоредлива е опасноста со онаа во Бејрут. Министерството веќе даде изјава за ова. Ширењето лажни вести и дезинформации не е во ред. Експертите ни кажаа дека нешто слично не може да случи, се работи за соодветни тенкови за складирање, под постојана контрола на содветни компании и експерти. За жал, поради ситуацијата со Ковид-19, не сакам ова да го кажувам, бидејќи пандемијата не треба да ни биде изговор, како и да е животот се промени, па дојде до одложување на експортот на материјата. За време на високи темератури не сме во можност да го преточиме и транспортираме, кога тоа ќе се промени тоа ќе го направи компанијата што ја ангажиравме за тоа. Работите се под контрола и константно се мониторира ситуацијата. Граѓаните нека бидат сигурни дека сите мерки се преземени за нивната безбедност. Уште еднаш лажните информации што се ширеа по социјалните мрежи не му помагаат на никому“, изјави Нуредини.

„Во моментов, согласно препораките добиени од страна на консултаните од нашата земја и од странство, како и од компанијата преточувач Curium S.A.S., Montagny, France во наредните 2 (два) до 3 (три) месеци нема да има можност да биде направено преточувањето, од безбедносен аспект поради високите температури кои се актуелни во летниот период“, се вели во соопштението на Министерството од 6 август.

Денеска преку соопштение Нуредини, со оглед дека останува министер за животна средина и просторно планирање по формирање на новата Влада, во писмена изјава вети транспарентност, професионалност и ефикасност во работењето со приоритети во решавање на аерозагадувањето, управувањето со отпадот и отпадните води, заштитата на природата и обезбедувањето на чиста вода за пиење за сите граѓани, како и исполнување на европските еколошки стандарди преку носење на стратешки полиитки.

Б. Јордановска

(изјава и камера: Ариан Мехмети)

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW