Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Околу 50 компании заинтересирани за изградбата на пречистителна станица во Скопје вредна 136 милиони евра

14/08/2020
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Околу 50 компании заинтересирани за изградбата на пречистителна станица во Скопје вредна 136 милиони евра
Share on FacebookShare on Twitter

Од денот на распишување на повикот за претквалификации за избор на најдобар понудувач за проектиране и изградба на Пречистителна станица за отпадните води од Скопје, околу 50 компании изразиле интерес, односно најавиле дека ќе ги превземат документите за пријавување за изборот на изведувач на постројката, чија вредност е проценета на 136 милиони евра, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Повикот е објавен кон крајот на јуни годинава, пренесе „Мета.мк“.

Поради големиот интерес, наместо до 17 август годинава, рокот за претквалификации е продолжен до точно напладне на 1 септември годинава. Од јавното претпријатие појаснуваат дека продолжувањето на рокот е за да може сите заинтересирани да ги подигнат формуларите за аплицирање и потоа навремено да ја достават потребната документација.

Официјалната објава на Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје, може да се најде на официјална платформа на Европската Инвестициона Банка.

Мета во изминатиов период редовно ја следеше темата со отпадните води во земјава, со посебен акцент и на ситуацијата во Скопје. За проблемот со загадувањето на Вардар со одлевање на отпадните води, Мета.мк разговараше и со доктор Љупчо Костадиновски, специјалист по хигиена и здравствена екологија од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Идната пречистителна станица за отпадни води во Скопје треба да биде изградена до крајот на 2026 година доколку се следи предвидената динамика на изведба од пет години. Овој објект треба да овозможи подобрување на квалитетот на речните води на Вардар во Скопскиот регион, кои во моментов се наоѓаат во најниските хемиски и бактериолошки класи за квалитет на водите. Една од главните причини за лошиот квалитет на овие води е директното испуштање на фекалиите од скопските домаќинства и компании како непречистени во Вардар.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW