Тимот на Планинската спасителна служба денес на својата официјална интернет страна објави фотографии од денешната акција, во која е исчистено ѓубрето од тешко пристапните места, вдолж патеката до црквата Св. Јован во Канео.
На социјалните мрежи секојдневно се појавуваат разочарувачки фотографии од расфрлани отпадоци, не само од Охрид, туку и од скоро сите летувачки места во државава, на кои се гледа негрижата, некултурата и несовесноста на граѓаните.
Оваа иницијатива е на волонтерите од Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, а во соработка со ЈП Охридски Комуналец, и е покрената за како што велат тие, да се спаси достоинството на македoнскиот народ.
Се надеваме нема да се повтори, порачуваат тие на својата страница.
извор: Фронтлајн.мк