Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Штерјовска, „Гвеко“: Гостивар е идеален, но е далеку од можноста да прерасне во еко град

24/09/2020
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Штерјовска, „Гвеко“: Гостивар е идеален, но е далеку од можноста да прерасне во еко град
Share on FacebookShare on Twitter

Зелен ЦИВИЛ разговараше со Валентина Штерјовска од еколошкото здрушение „Гвеко“ од Гостивар. Темата на нашиот разговор за промоцијата и негувањето на зелените вредности, колку граѓанките и граѓаните се свесни и одговорни за заштита на животна средина, дали и што презема локалната самоуправа за одржливиот развој, негувањето на природа, едукација на граѓаните, во насока на претворање на Гостивар во еко град.

Штерјовска смета дека Гостивар е далеку од препознатливоста како еколошки град и дека ниту граѓаните се свесни што подразбираат зелените вредности, ниту пак, има преголема иницијатива на институционално ниво.

„Моменталната состојба во градот, за мене лично како еколог, е на некое поразително ниво. Сè уште што се однесува до одпадот, на 7 километри од Гостивар имаме депонија на диво ѓубриште Русино, за кое сега се бориме да го затвориме. Депонијата постои 20 години, а во непосредна близина се наоѓаше 40 години стара депонија Сушички мост што е затворена, но уште не е санирана“, изјави Штерјовска, додавајќи и дека градот полека се претвора во бекатон, а паркот единствената поголема зелена површина во Гостивар.

„Еколошката свест е ниска и во однос на користење на автомобили. Гостивар е комплетно автомобилски град, дури и тротоарите се претворени во паркинзи. Автомобили се користат и на 500 метри за да пијат граѓаните кафе во најблиската кафетирија или да купат нешто во најблискиот маркет. Од друга страна, пријателска инфраструктура за велосипеди и пешаци воопшто не постои“, вели Штерјовска.

Што се однесува до институционалното преземање акции за промена на општата перцепција на Гостивар, сите од локлната самоуправа се отворени за соработка и промени, но не знаат кога промените ќе бидат видиливи, вели Штерјовска.

„Имам позитивно искуство со градоначалникот Таравари, за било кои наши планови кога се обраќаме кај него ни дава зелено светло, меѓутоа треба да се вклучат и другите институции. Еве конкретно за велосипетските патеки треба да се вклучи и сообраќајната полиција… Гостивар е толку мал град што е идеален да стане велосипетски и еко град“, вели Штерјовска.

На крајот на нашиот разговор ја отворивме и темата на меѓуетничките односи во Гостивар. Според Штерјовска, лоши меѓуетнички односи се дел од адолесцентното однесување, што во подоцнежните години се надминуваат. Според неа ваквата појава е резултат на манипулациите и влијанието на политичките партии, медиумите и социјалните мрежи.

„Младиот свет е манипулиран и е дел од говорот на омраза и за жал постои и насилство“, вели Штерјовска.

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL