Во ек на пандемија, на само неколку метри од куќите, во ромскoто маало во наслебата Топана има мини депонија. Екипата на ЦИВИЛ Медиа додека ја снимаше депонијата, неколку жители кои живеат во непосредна близина реагираа да не снимаме.
Тие не сакаа да зборуваат пред камера, да ни кажат кој ја прави таа депонија, дали им смета, дали надлежните комунални служби го собираат ѓубрето, дали побараа од некоја институција да дојде да ја расчисти депонијата…
Во непосредна близина на депонијата се наоѓа и маркетот Кипер, каде што граѓаните пазарат.
Надлежните институции треба веднаш да реагираат и да ја расчистат депонија, а комуналните инспектори да ги казнуваат сите што фрлаат ѓубре.
Текст, фотографија и монтажа: Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски